Интер успеа да извлече бод и да остане непоразен од Лацио, на последниот меч пред своите навивачи во оваа сезона во италијанската Серија „А“. Спасител на Интер е Дамфрис кој донесе бод во финишот од средбата.
Камада во 32. минута го донесе Лацио до предност на „Меаца“, за во 87. минута Дамфрис донесе бод за Интер. Лацио со овој бод веројатно ќе ја испушти шестата позиција на табелата, но нема да смени многу, затоа што веројатно римскиот тим ќе игра од следната сезона во Лигата на Европа.
Интер со овој бод стигна до 93 поени во Серија „А“, а титулата ја имаше веќе обезбедено претходно.
😍 @Inter, questa è TUA! 🏆#SerieATIM #INTERGALACTIC pic.twitter.com/pqF8WYysNK
— Lega Serie A (@SerieA) May 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА