Интер денеска и официјално ја претстави специјалната комбинација на дресови што „нероаѕурите“ ќе ја носат на натпреварот против Калјари претстојниот викенд.
Спонзор на дресовите на италијанскиот гигант е „Парамаунт +“, а според договорот на двете страни Интер за време на соработката е обврзан да пушти во продажба неколку специјални комбинации (во трите дизајни) со проекти на Парамаунт.
Откако претходно имаа дресови со „Трансформерс“ и со „Нинџа Желки“, дојде на ред и на „Ѕвездени патеки“, како одбележување на петтата и последна сезона од оваа легендарна серија – “Star Trek: Discovery“.
„Нероаѕурите“ ќе го носат основниот сино-црн дрес против Калјари, но во продажба се пуштени и останатите две комбинации, портокаловиот дрес и белата комбинација со сино-црни ленти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА