Интер со стил ја прослави долго очекуваната титула во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер со стил и победа над Удинезе од 5-1 ја прославија долго очекуваната титула во Италијанската Серија А. Ешли Јанг во 8. минута донесе водство за „нероаѕурите“, а до полувреме Ериксен со прекрасен гол од слободен удар ја удвои предноста во 44. минута.

Во вториот дел со головите на Мартинез, Перишиќ и Лукаку до 71. минута веќе беше и 5-0, а до крајот Переира во 79. минута успеа само да го ублажи поразот.

 

 

 

Се вчитува...