Резултатската криза на ПСЖ на турнејата во Јапонија уште повеќе се продлабочи откако „светците“ денеска загубија од Интер со 1-2, оставајќи го Луис Енрике три натпревари без триумф на Далечниот Исток. По поразот од Черезо Осака и ремито со Ал Наср, фудбалерите на ПСЖ денеска капитулираа и на дуелот со „нероаѕурите“, уште еден доказ дека новиот тренер ќе има полни раце работа за да го врати тимот на триумфални патеки.
ПСЖ беше поблиску до триумф откако кон средината на второто полувреме стигна прв до водство, со прекрасниот погодок што го постигна Витиња.
Интер сепак собра сили за целосен пресврт во самиот финиш, најпрвин Еспозито биеше прецизно за израмнување на 1-1, пред Сенси да ја донесе победата на актуелниот вицешампион на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА