Интер со три бода против Болоња се врати на чело на Серија „А“ (ВИДЕО)

Екипата на Интер се врати на првото место на табелата, откако на домашен терен ја совлада Болоња со 3-1. Се очекуваше „нероазурите“ да имаат потешка задача, но на крајот лесно стигнаа до бодовите, со кои одново се искачија пред градскиот ривал Милан во трката за лидерската позиција.

Пјотр Зиелински во 39. минута го отвори резултатот, а потоа на стартот од вториот дел Лаутаро Мартинез со гол со глава успеа да зголеми на 2-0. Турам во 74. минута со рамо постигна гол за предност од 3-0. На крајот Болоња само успеа да намали преку Кастро по една грешка во одбраната на домашните.

 Така Интер дојде до 13-та победа во сезоната, и се наоѓа во одлична форма на почетокот на годината. Ова е прва победа на Интер во Новата година после 2020 година.

Се вчитува...