Интер ја истакна кандидатурата за највисок пласман во Серија А откако „нероаѕурите“ славеа со убедливи 5-0 на отворањето на сезоната, на домашен терен против Торино.
Кристијан Киву имаше импресивно калчолигашко деби на клупата на Интер, неговиот тим одигра перфектни 90 минути со кои јасно стави до знаење дека сезонава планира да атакува на скудетото. Победникот беше решен по само триесетина минути игра во кои Бастони и Турам стрелаа прецизно во мрежата на „торинезите“.
Лаутаро Мартинез искористи една голема грешка на гостите зголемувајќи на 3-0, а до крајот на натпревраот меѓу стрелците се запишаа и Турам со својот втор гол и „резервистот“ Бони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

