Италијанскиот калчолигаш Интер тргнува во офанзива за ангажман на српскиот интернационалец Немања Матиќ од англискиот првак Челси. Откако пропадна можноста тој да се пресели во Манчестер јунајтед, сега раководството на Интер влегува во трката за негов трансфер во Серија А. Тренерот Лучијано Спалети го потенцирал Немања Матиќ како еден од приоритетите на клубот за овој летен преоден рок, а неговата цена изнесува околу 40 милиони евра.
„Нероаѕурите“ се согласни да отпочнат преговори дури и за оваа сума, но, сепак, се надеваат дека ќе можат да го купат Србинот и малку поевтино. Во комбинациите на Спалети се наоѓа и Раџа Наинголан, играчот за врска на Рома, но мала е веројатноста раководството на „волчицата“ да дозволи тој да замине во некој од ривалите во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА