Интер три седмици без клучен првотимец

Интер не успеа да стигне до цел плен на дербито со Наполи што заврши без победник, 2-2, а „нероаѕурите“ згора на тоа останаа и без еден стандарден првотимец.

Хакан Чалханоглу ќе мора да мине најмалку дваесет дена надвор од терените, по повредата на мускулот заработена против Наполи поради која тренерот Киву мораше да го повлече од игра во второто полувреме од големото дерби.

„Хакан Чалханоглу беше детално прегледан, при што беше утврдено истегнување на мускулот кај левата потколеница“, наведено е во соопштението на Интер.

Италијанските медиуми најавуваат дека паузата ќе изнесува најмалку три седмици, што значи дека тој дефинитивно ќе го пропушти важниот дуел од ЛШ против Арсенал, последниот европски дуел против Борусија во Дортмунд, како и домашните пресметки со Лече, Удинезе и Пиза.

Се вчитува...