Интер триумфално во невремето во Торино за продолжување на шампионската трка (ВИДЕО)

Интер ја продолжува трката за шампионската титула со Наполи во Серија, откако во 36. коло славеше со 0-2 на гостувањето против Торино.

Во крајно неповолни временски услови, под силно невреме, Интер до победата дојде по повеќекратно прекинување и продолжување на мечот со головите на Залевски во 14. минута и Аслани од пенал во 50. минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Торино.

Се вчитува...