Интер ќе има можност за двојна круна, откако се пласираше во финалето на Купот на Италија. Вечерва „нероазурите“ со 3-0 го совладаа тимот на Милан, и по оние 0-0 во првиот меч, обезбедија финале.
Натпреварот почна со брзо водство на Интер, откако Лаутаро Мартинез во 4. минута го најде патот до голот на Мињон. Истиот играч зголеми на 2-0 во 40. минута, со што му донесе на својот тим одлична предност.
Во вториот дел Милан тргна на се или ништо, а се чини ги пресече поништениот гол на Бенасер во 66. минута, и со тоа им беше скратена можноста да се вратат во мечот. Во 82. минута Госенс ги постигна конечните 3-0.
Интер го чека подобриот од дуелот Јувентус – Фиорентина. По првиот меч, Јуве има предност од 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА