Интер убедливо со 0:3 ја совлада екипата на Рома и тоа среде Рим, со тоа правејќи ја позицијата на Жозе Мурињо уште потешка на клупата на „волчицата“.
Сите три гола паднаа во првиот дел, а победата можеше да биде и со повисока разлика во вториот дел.
Чалханоглу постигна гол директно од пенал, а потоа Џеко ја искористи грешката во одбраната да зголеми на 0:2. Дамфрис во 39. минута зголеми на 0:3.
Во второто полувреме Рома постигна гол кој беше поништен по ВАРА прегледување на снимката, а Интер пропушти голема шанса преки Кореа да дојде до 0:4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА