Иако летниот преоден рок неодамна заврши, Интер веќе одлучи кој одбранбен играч сака да го засили следната година. Станува збор за 21-годишниот Џоел Ордонез од Клуб Бриж.
Гигантот од Милано во последните недели е во прелиминарни разговори за еквадорскиот репрезентативец, но не планираат да го потпишат до завршувањето на оваа сезона. Марсеј и Ал-Хилал исто така беа заинтересирани за него ова лето, но младиот дефанзивец на крајот одлучи да остане во Бриж. Сега наводно имал веќе договор со Интер за трансфер од сезоната 2026/27.
Тој веќе помина две сезони со белгискиот клуб, имајќи вкупно 84 настапи, постигнувајќи четири гола и запишувајќи две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

