Интер во акција: Шампионот завршува топ-трансфер од Аталанта

Јувентус ги финишира преговорите за Душан Влаховиќ, но со скрстени раце не седат ниту челниците на Интер, кои се на прагот на обезбедување на значајно засилување за вториот дел од сезонава.

Станува збор за Робин Госенс, офанзивниот лев бек на Аталанта што „нероаѕурите“ го „пикираа“ како главна желба за наредниот преоден рок. Преговорите сериозно се интензивираа во изминатите 48 часа, а италијанските медиуми јавуваат дека Аталанта е на прагот да ја прифати понудата на Интер и да даде зелено светло за заминување на германскиот репрезентативец.

Симоне Инзаги инсистираше на доаѓање на нов играч на оваа позиција, а директорот Марота е на чекор до завршување на уште еден топ-трансфер на Интер. Финансиските детали засега не се објавуваат во јавноста, а не се исклучува можноста Интер да испрати некој свој фудбалер во Бергамо, на позајмица до крајот на сезонава.

Се вчитува...