Интер во клучен момент без значаен првотимец

Симоне Инзаги се соочува со нов сериозен проблем откако Хакан Чалханоглу се врати повреден од репрезентативната пауза. Турскиот репрезентативец го повреди мускулот за време на натпреварот со Хрватска и мораше предвреме да биде заменет, а првите прегледи во Милано покажаа дека проблемот не е нималку наивен.

Чалханоглу дефинитивно нема да настапи викендов против Фиорентина, по што на почетокот од следната седмица ќе бидат извршени нови прегледи врз него. Повредата е прилично сериозна и првите прогнози се дека Турчинот ќе биде „во аут“ дваесетина дена, што би значело дека нема да игра ниту на првиот четвртфинален меч од ЛШ против Бенфика, како и на полуфиналето од Купот на Италија со Јувентус.

Сериозен проблем за Симоне Инзаги во клучниот дел од сезоната, во кој евентуален нов „кикс“ на Интер може да донесе и до тренерска смена кај „нероаѕурите“.

Се вчитува...