Интер во офанзива по нов голгетер, разликата е седум милиони евра

Убедливата победа над Џенова на стартот од новата сезона не ги залажува тренерот Инзаги и челниците на Интер, кои се решени да доведат нов голгетер до крајот на преодниот рок. „Нероаѕурите“ веќе најавија дека Џеко нема да биде единствениот напаѓач што ќе пристигна по заминувањето на Лукаку во Челси, па затоа ги интензивираат преговорите за ангажман на Андреа Белоти од Торино.

Дел од италијанските медиуми синоќа објавија дека трансферот е договорен, но добро упатени извори тврдат дека Торино ја одбил понудата на Интер во висина од 15 милиони евра. Претседателот Каиро инсистира на 22 милиони евра како отштета за својот најдобар фудбалер. Каиро во последните две години одбиваше над 50 милиони евра за Белоти од Премиер-лигата, но вредноста на овој фудблер се намали поради слабите игри и резултати на тимот, па сега првиот човек на клубот дава зелено светло за трансфер, но само под услови што тој ги смета за праведни.

Разликата меѓу понудата и побарувачката изнесува седум милиони евра, а кај двете страни постои оптимизам дека може да биде постигнат целосен договор во следните 48 часа. План „Б“ за Интер е ангажманот на Кореа од Лацио, но оваа опција е за десетина милиони евра поскапа од Белоти.

Се вчитува...