Интер во последен миг до триумф против Сампдорија

Интер успеа да слави минимален триумф над Сампдорија (0-1) на гости во Џенова, а херој на „нероаѕурите“ е Марсело Брозовиќ кој постигна погодок во четвртата минута од судиското продолжение. Тој реагираше одлично на центрашутот на својот сонародник Иван Перишиќ и ја затресе мрежата на домашниот тим.

Претходно, ВАР технологијата не му дозволи да се радува на Раџа Наинголан во првиот дел, а беа поништени на сличен начин уште два гола и во второто полувреме. Сепак, Интер на крајот стигна до важни три бода.

Се вчитува...