Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Интер ова лето. Турскиот репрезентативец и фудбалер на Интер има желба да го напушти клубот и да се испроба во својата татковина, а Галатасарај е клуб кој силно го посакува во своите редови.
Турските медиуми пишуваат дека Чалханоглу им нагласил на челниците дека дал се од себе во Интер, и дека сега сака да ја продолжи кариерата во Галатасарај по секоја цена.
Чалханоглу има договор со Интер уште две години, до 2027 година, но засега е нејасно дали неговиот клуб ќе му ја исполни желбата. „Нероазурите“ ги купија Петар Сучиќ во средниот ред, а следна аквизиција би можел да биде Николо Ровела од Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

