Фудбалерите на Интер стигнаа до нова победа во подготвителниот период откако вечерва во супер интересен натпревар славеа над Салцбург со 4-3.
По големата грешка на Јан Зомер во неговиот прв меч на голот на Интер, Салцбург поведе со 1-0 во 6. минута преку Конате, кој само минута претходно не реализираше пенал.
Во 9. минута веќе беше 1-1, откако автогол си постигна Павловиќ. Во 25. минута водство за „нероаѕурите“ од 1-2 донесе Де Фрај. Десет минути подоцна Конате со нов гол израмни на 2-2, а до крајот на полувреме Интер повторно стигна до водство (2-3) преку Кореа во 43. минута.
Баидо израмни на 3-3 во 46. минута. Нов пенал не искористи Салцбург во 68. минута кога промаши Шимиќ, а конечните 3-4 беа дело на Сенси во 90. минута.
Salzburg 3 – [4] Inter – Stefano Sensi 90'
byu/Previous-Success8007 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

