Интер најде излез од резултатската криза, откако „нероаѕурите“ по четирите бода во двата меча од ЛШ против Барселона успеаја да врзат и две победи во низа во Калчо-лигата. По триумфот на гостувањето против Сасуоло, избраниците на Симоне Инзаги денеска славеа и на домашен терен против Салернитана со 2-0.
Победата не беше доведена во прашање бидејќи домашниот состав доминираше од почеток до крај, а отпорот на гостите беше скршен уште во раната фаза од мечот, кога Лаутаро Мартинез погоди со прецизен удар од дваесетина метри. Аргентинецот потоа не искористи стопроцентна шанса пред самиот крај на полувремето, но Интер успеа да зголеми на 2-0 кога Барела одлично се снајде по додавањето на Чалханоглу.
„Нероаѕурите“ следниот викенд ги очекува тешка задача, на гостински терен против Фиорентина да се обидат да ја продолжат серијата победи и на тој начин да фатат целосно приклучок кон врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА