Интересен метод на хрватскиот тренер: На фудбалерите им забранува гуми за џвакање, но не и цигари и пиво

Хрватскиот тренер Ненад Бјелица, е блиску до опстанок со Унион Берлин, и покрај тоа што овој тим сезонава играше во групите во Лигата на шампионите. Кога го презеде клубот, беше на претпоследното место, а сега напредуваше за три позиции, и од местата за испаѓање е во плус од девет бодови.

Во интервју за Билд откри неколку интересни работи. На нивните играчи им забранува гуми за џвакање, но им дозволува пиво и цигари. Објасни зошто е тоа така.

„Имав ситуација кога еден фудбалер голтна мастика, и за малку ќе се задушеше“, изјави Бјелица и додава:

„Фудбалерите се возрасни луѓе. Знаат што е добро за нив и нивното тело, а што не. Кога бев тренер во Специја, од 25 играчи, 20 пушеа. Мислеа дека ќе им забранам, но не го сторив тоа“, рече Бјелица.

Се вчитува...