Селекцијата на Малта има интересна фудбалска историја. Малтежаните никогаш не биле ниту блиску до пласман на едно големо натпреварување, а ретко кога победуваат во квалификациски натпревари, особено кога гостуваат.
Бројките велат дека Малта нема ниту еден триумф во квалификациски натпревари за ЕП на гостински терен. Од 1962 година, па досега, оваа селекција не знае што е тоа гостинска победа во квалификациски циклус за Европско првенство.
Највисокиот пораз Малта го доживеа во 1983 година 12-1 од Шпанија. Последен пат успеала да остане непоразена на гости во 2014 година кога одиграа 1-1 против Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА