Интересен почеток на сезоната во најсилните две пингпонгарски лиги

Новата пинг понг сезона во Суперлигата и Првата лига за мажи започна исклучително возбудливо веќе со натпреварите уште од првото коло,

Во Суперлигата, ППК Астраион од Струмица, кои годинава се промовираа во најдобрата македонска лига, против Телеком Нец 2 од Скопје беше најинтересниот натпревар од првото коло. Натпреварот заврши со победа на скопската екипа.

Во Првата лига ППК Студент од Скопје извојува тесна победа од 4-3 во дуелот со ППК Кочани.

СУПЕР ЛИГА (1 коло)
1.ППК Шампиони ФА -ППК Младост 4-1
2.ППК Младост96 – ППК Радовиш 4-2
3.ППК Кр.Паланка – ППК Вардар 4-1
4.ППК Астраион – ППК Телеком Нец 2 3-4
5.ППК Пелагонија – ППК Берово 4-0

ПРВА ЛИГА (1 коло)
1.ППК Кр.Паланка 2007 – ППК Берово2 4-1
2.ППК 1060 АС Ѓ.Петров – ППК Куманово 4-1
3.ППК Дебар Маало – ППК Работнички 1-4
4.ППК Борец – Тим ППК Рисови 4-0
5.ППК Студент – ППК Кочани 4-3

Второ и трето коло од двете лиги ќе се одиграат на 20. октомври. Натпреварите од Супер и Првата лига се играат во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...