Интересна ситуација: „ВАР од телефон“ за признавање на голот против Шкендија (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи на вчерашниот пријателски натпревар на Шкендија против Подбрезова на подготовките во Анталија.

Шкендија загуби со 1-2 на мечот, со гол на противникот кој беше признаен по прегледување на снимка од телефон на фоторепортерот на Подбрезова.

Во 61 минута од натпреварот, по корнерот од левата страна судијата првично не забележа дека топката завршила во мрежата и повторно додели удар од аголот за словачкиот тим. Сепак, по интервенцијата на фоторепортерот на Подбрезова, кој ги покажа сликите од својот фотоапарат, грешката беше забележана и голот беше прифатен…

Се вчитува...