Интересно, како Аморим им се заканува на играчите на Јунајтед: „Ќе ве пратам во Бугарија“

Португалскиот стратег Рубен Аморим препознатлив по својата дисциплина, веднаш почна да заведува ред во редовите на Манчестер Јунајтед откако го презеде кормилото на клубот.

Аморим веднаш на фудбалерите им најавил дека воопшто нема да толерира несериозност, индолентност и непрофесионалност, и на тренинзите и на натпреварите. Интересен е, како што пренесуваат англиските медиуми, начинот на кој им се заканува на фудбалерите.

„Ако не се залагате, ќе ве пратам на позајмица во Бугарија“ – порачува Аморим.

Но, иако за момент делува како еден вид изрека, играчите на Јунајтед сериозни ги сфатиле овие закани проучувајќи дека Аморим во 2019 година како тренер на вториот тим на Брага, го казнил Гаус Макута поради несериозен пристап на тренинзите, испраќајќи го на позајмица во бугарскиот тим Берое.

Оваа анегдота веќе до тој степен е раширена меѓу „црвените ѓаволи“, што никој не сака да си поигрува со Аморим.

Се вчитува...