Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ го освои својот 28. трофеј во кариерата, во премиерното издание на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата во Катар.
Во 122-годишната историја на клубот од Мадрид, ниту еден фудбалер не успеал да освои повеќе трофеи. Еден трофеј помалку има само Дани Карвахал, а Марсело и Карим Бензема имаат по 25 трофеи.
Токму од тоа воодушевен е и 26-годишниот Килијан Мбапе, кој имаше интересна забелешка на оваа тема. Во соблекувалната на Реал, Мбапе имаше интересна реакција откако дозна дека Модриќ има 28 трофеи во кариерата.
„Па, тој има повеќе трофеи од моите години“ – изјави Французинот и ги насмеа колегите.
Kylian Mbappé finding out Modrić has more Real Madrid trophies than he has yeaes. 😂
— TC (@totalcristiano) December 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА