Голгетерот на Њукасл Јунајтед, Александар Исак е еден од најбараните фудбалери на трансфер маркетот оваа зима. Швеѓанецот игра одлично па е мета на најголемите англиски клубови.
Но, и покрај големиот интерес, клубот од северот на Англија има други планови. Не само што не сака да го загуби својот фудбалер, туку ќе му понуди нов, побогат договор, но негова е одлуката дали сака да остане во клубот или да бара шанса за константен настап во европските натпреварувања во нова средина, пренесуваат англиските медиуми.
Оваа сезона неверојатниот голгетер постигна 17 голови и забележа пет асистенции на 21 одигран натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

