Катар втора година по ред ќе биде домаќин на завршните три натпревари од Интерконтиненталниот куп кој ќе се одржи во месец декември, потврди ФИФА.
Освојувачот на титулата во Лигата на Шампиони, ПСЖ веќе има загарантирано место во финалето, а противникот на парижани ќе биде одлучен преку т.н „Challеnger Cup“ во кој силите ќе си ги одмерат африканскиот шампион, египетски Пирамидс и победникот од натпреварот помеѓу шампионот на Средна, северна америка и Карибите – Круз Алуз и конечниот шампион на Копа Либертадорес.
Финалниот натпревар ќе биде одигран на 17. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

