Репрезентацијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство откако во четвртфиналето по продолженија славеа над домаќинот Германија со 2-1.
Сепак натпреварот го одбележа катастрофалната судиска одлука на Ентони Тејлор кој во продолженијата при резултат 1-1 не досуди чист пенал за Германија.
Откако Германците против Данска добија пенал за минимален контакт, кој на прва не се ни виде, со Шпанија се случи токму спротивното. Кукурела очигледно играше со рака во својот шеснаесетник, но Ентони Тејлор, заедно со судиите во ВАР собата не се одлучија ниту да ја погледнат снимката.
Луѓето по социјалните мрежи почнаа да му фаќаат сеир на Тејлор, велејќи дека Кукурела ја имаше одбраната на годината.
UEFA presents: The Save of the Year 🏆 pic.twitter.com/ssdzb420Wz
— BayernTalente (@CampusVid2) July 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА