ИНТЕРВЈУ – Д-р. Жан Митрев и Димитар Ѓоргиев: „Менито за шампиони“ носи медали!

Специјалната болница „Филип Втори“ во сопственост на реноминираниот кардиохирург Д-р Жан Митрев во изминатите неколку години ги поместува медицинските стандарди над границите на просечното. На долгата листа на соработници и спортисти за чие здравје се грижи Митрев, изминатата година беше додадено уште едно име – Димитар Ѓоргиев.

Од почетокот на меѓусебната соработка, двократниот македонски освојувач на златен медал во кик-бокс се закити со уште еден златен медал и уште еден бронзен. Соработката очигледно вродува со плод, а тимот продолжува и натаму со полна пареа да работи.

Пред речиси шест месеци, стручниот кадар при специјалната болница, предводени од д-р Митрев го составија таканареченото „мени за шампиони“ чие ’заморче’ требаше да биде токму Ѓоргиев.

Во што се состои соработката помеѓу Митрев и Ѓоргиев, колкав удел има здраваа исхрана во животот на еден човек, особено активен спортист, трендот на здрава исхрана и што всушност е „менито за шампиони“?

zan mitrev„Штом добил трето место во Грција значи дека функционира тоа мени за шампиони. Се договараме околу неговите планови за во блиска иднина, што е следно за нас двајца. Ние сме тука како поддршка во секој случај. Се радуваме што веќе соработката дава резултати. Ќе продолжиме во тој дел на еден ваков проект се радувам што има резултати“ – почнува Академик Митрев да ја објаснува меѓусебната соработка  чии резултати се повеќе од видливи.

„Тој е тука под наша опсервација, здравствено и од нутриционистички аспект. Во ресторанот кој го има во склоп на специјалната болница „Филип втори“ му се подготвува храната која ја консумира. Тука му се врши контрола и секаков вид на здравствени проверки. Набрзо треба болницата да биде опремена со фитнес сала и сала за физикална терапија каде ќе може тој да ги врши другите активности, повторно под наш надзор“.

Последен медал кој го додаде во својата богата колекција, Димитар Ѓоргиев го освои на континенталното првенство во Лутраки во соседна Грција.

„Сакав да се обидам, се оформи нов клуб во Неготино, каде што сум роден и живеев до моите 18 години, сакав да видам што се случува со спортот. На Европското првенство конкуренцијата беше огромна, за да обезбедиш настап на едно континентално првенство мора да си шампион на таа земја, без разлика колкава е земјата. Само државните прваци имаат своевидна норма за пласман на тоа првенство. Имаше околу 35 земји-учеснички и околу 600 натпреварувачи така да ако го поминеш првото коло ти си всушност победник бидејќи си победил некој државен првак на друга земја“ – се импресиите на Ѓоргиев за последното натпреварување на кое настапи под македонското знаме.

Што е поразлично од почетокот на соработката со специјалната болница и со Жан Митрев досега?

„Соработката ни трае уште од минатата година кога се подготвував за СВетското првенство каде требаше да ја бранам третата титула. Склучивме договор за соработка каде Д-р Жан Митрев и неговата болница ќе се грижат за моето здравје за време на подготовките за големите турнири. Ми беа правени комплетни проверки, целосна рехабилитација и бев сигурен во себе и своето здравје. Пред голем турнир ми се доделува нутриционист што за мене е огромен бонус бидејќи такво нешто е многу ретко во Македонија. Благодарение на тимот на Д-р Митрев се почувствував како вистински кик-боксер, како вистински спортист и шампион“ – задоволен е Ѓоргиев од пруженото внимание.

dimitar-intervju-6

Ѓоргиев и Митрев со стручниот кадар при болницата „Филип Втори“ сега се фокусираат на подготовките за Светското првенство што во октомври ќе се одржи во Бразил и во Унгарија. Трендот на здрава исхрана зема сè поголем замав во пошироката јавност. На спортистите сигурно им е потребен посебен режим, особено пред големи натпреварувања.

„Ние од порано сме спонзори на репрезентации и сме тука за нивна поддршка. Тоа се долгорочни соработки, во последно време тоа го праивме и со помлади тимови и клубови. Тоа е нашата работа. Се бавиме со болни луѓе и им даваме некој здрав правец, дали на исхрана, дали на спорт и со тоа сакаме да дадеме пример дека тие работи се многу важни кај луѓето од сите генерации. Дека мора да се работи превентивно, а не да се чека некој посериозен степен па да се бара решение. Здравата исхрана е составен дел на животот од самиот почеток на човечкото битие, од бебе па натаму. Добро е што има интерес сè повеќе за здрава исхрана. Луѓето сè повеќе осознаваат дека храната е многу важен дел од животот и тоа не само за човекот како изгледа туку и сето она што храната го носи како негативно со себе и тоа го избегнуваат. Многу работи во продуктите се изместени под влијание на индустријата. Некои храни треба да се прилагодат на луѓето, како и принципи на хранење. Добро е што сето тоа наидува на интерес кај пошироката популација, сите овие мерки кои ги правиме допринесуваат до некое подобро сознание за тоа што и како се хранат луѓето“ – дополнува Д-р Митрев.

Dimitar gjorgiev

Како да не се доволни планетарните и континенталните медали,  Ѓоргиев сака да се впушти во нова авантура, како тренер на младински државен шампион во кик-бокс.

„Сакав да отворам спортски центар за тренинг за млади, конкретно за кик-бокс, но сметам дека ми е премногу рано па го стопирав тој проект кој ќе се обидам да го реализирам по завршување на кариерата како активен борач. Се впуштив и во една нова улога, како тренер. Тренирам со еден младински првак, Столе Јордановски кој е двократен државен првак. Тој е 17-годишен талент и сакам да видам како е како тренер. Тешко е бидејќи кога тој се бори немам никаква контрола, само можам да давам навигација, но интересно е дефинитивно“ – заврши Ѓоргиев.

Се вчитува...