Инцидент на мечот меѓу Ѓоковиќ и Зверев – Двајца навивачи исфрлени од трибините

На натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев во четвртфиналето од Ролан Гарос и тоа како и многу тензија и нервоза, и на теренот, и на трибините.

Во еден момент дојде до инцидент на трибините па полицијата мораше да реагира и да исфрли двајца навивачи кои се однесуваа непристојно.

Посебно зачудувачко беше однесувањето на една „дама“ на трибините која постојано извикуваше луто за време на подготовката за сервисот, а неколку пати и за време на поените.

Двајцата партнери брзо беа отстранети. Редарите најпрво го одведоа човекот покрај неа, а потоа и жената, за да може натпреварот да продолжи.

Се вчитува...