Подготовките за полуфиналниот натпревар во Лигата на Нации за Хрватска не започнаа добро. На првиот тренинг на собирот во Ријека дојде до инцидент откако Марко Ливија влегол во конфликт со навивачите кои го навредувале.
Фудбалерот на Хајдук подлегнал на провокациите од трибините од каде се слушале погрдни зборови и тргнал тргнал физички да се пресмета со нив, пренесуваат тамошните медиуми. За среќа брзата реакција на Ведран Чоркула спречила голем инцидент.
Недоразбирањата траат уште од финалниот натпревар во Купот на Хрватска во кој по триумфот на Хајдук, Ливaја ги предводеше популарнитe „Торсида“ со навредливо навивање. За истото федерацијата покрена дисциплинска постапка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА