Холандија одлично го стартуваше новото издание во Лигата на Нации. Во првото коло „лалињата“ ја совладаа селекцијата на БИХ со 5-2. Меѓутоа пред дуелот со Германија, имаат големи проблеми. На нивниот тренинг се случи огромен инцидент во кој учествувале играчот на Арсенал, Јуриен Тимбер и напаѓачот на Ајакс, Воут Вергорст.
Холанѓаните во неделата одработија лесен тренинг после победата над БИХ, а Тимбер во еден миг се најде во дуел со Вергорст кој беше удрен по зглобот. Очигледно напаѓачот на Холандија беше бесен, па откако успеа да стане, веднаш се внесе во лице на соиграчот од репрезнтацијата.
Ситуацијата се обиде да ја смири селекторот Куман кој успеал да ги раздвои играчите и да ја смири ситуацијата. И додека Тимбер се смирил, на Вергорст му требало малку повеќе време да „дојде на себе“, и до крајот на тренингот тешко ги контролирал емоциите.
„Нешто му кажав на Тимбер, нешто на него, а сега доста!“, викал Куман на тренингот.
Een geïrriteerde Wout Weghorst na een duel met Jurriën Timber 💥👟 pic.twitter.com/rcIrQCgHTv
— ESPN NL (@ESPNnl) September 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА