МЗТ Скопје и Куманово се борат за последното место во полуфиналето од разигрувањето за титула на домашната сцена во буквална смисла. Имено, страстите „зовреа“ на крајот на првото полувреме при „мртва“ топка помеѓу Александар Андрејевиќ и Дамјан Стојановски, Србинот замавна кон капитенот на МЗТ Скопје.
За среќа, со брзата интервенција беше спречен поголем конфликт, но епилогот од целата ситуација може да биде и кобна кон домашниот тим. Судиите одлучија Андрејевиќ да биде исклучен, а покрај него истата „казна“ ја добија и Кристијан Николов и Адем Мекиќ кои дотрчаа на теренот од клупата.
Мора да се истакне дека двајцата кошаркари на МЗТ воопшто не беа вклучени во инцидентот, останаа на средината од теренот пред да се повлечат кон клупата, но судиите решија да им врачат идентична санкција како и на Андрејевиќ, кој буквално го нокаутираше капитенот на „металците“.
МЗТ Скопје претходно остана без услугите на Иван Карачиќ кој при влез во рекетот се пожали на болки на задната ложа. На полувремето гостите заминаа со предност од 39-41 па ќе биде интересно да видиме каков ќе биде епилогот од средбата со оглед на тоа што МЗТ Скопје изгуби три домашни играчи кои се предводници на овој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА