Едно лице е уапсено во Израел откако беше обелоденето дека веднаш по завршувањето на натпреварот против Шпанија му се приближило на гостинскиот фудбалер Иско држејќи нож во раката.
Оваа информација прв ја објави израелскиот портал „Ynet“, посочувајќи дека лицето било дел од група од шест навивачи кои веднаш по завршниот свиреж на судијата влетале на теренот за да се приближат до шпанските фудбалери.
„Тој се одвои од групата и притрча кон Иско. Кога му се приближи ножот му падна од рацете и беше запрен од полицијата пред да стигне до шпанскиот фудбалер“ – објавија израелските медиуми.
Споуксменот на израелската полиција, Мики Розенфелд, во изјава за шпанските медиуми не даде никаков коментар за инцидентот, само потенцирајќи дека „шпанските фудбалери во ниту еден момент не биле во животна опасност“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА