Инцидент во Куманово: Тепачка на трибините, Пелистер се повлече од терен

Последното четвртфинале од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Куманово е во прекин поради тепачката што се случи на една од трибините, при влезот на битолските навивачи на трибините.

„Кумани“ направија извонредна атмосфера, истакнувајќи и моќна кореографија низ целата трибина, но потоа страстите зовреа кога противничките навивачи влегоа во салата.

Дојдe до физичка пресметка, обезбедувањето се обидува да ги изнесе битолските навивачи од салата, а во меѓувреме дуелот е во прекин.

Разочарани што на нивните навивачи не им е дозволено да го следат мечот од трибините, кошаркарите на Пелистер се повлекоа од теренот.

Се вчитува...