Навивачите на ПСВ направиле големи нереди на гостувањето во Лондон кај Арсенал во Лигата на Европа. Лондонскиот клуб славеше 1-0 со голот на Гранит Џака, и така обезбеди пласман во нокаут фазата на ЛЕ.
На навивачите на холандскиот клуб очигледно тешко им падна поразот, па полицијата имаше многу работа. Фановите на ПСВ пред крајот на натпреварот ги ваделе столчињата на кои биле стестени на трибините, и ги фрлале на навивачите на Арсенал. Од канцеларијата на УЕФА е најавено дека ќе биде истражен инцидентот и најавија драстична казна за ПСВ.
PSV fans throw flare at Arsenal supporters and rip up seats in the away section. pic.twitter.com/bdmJVg10fy
— Tom Canton (@TomCantonMedia) October 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА