Џорџо Кјелини и Луис Суарез пред три години беа „смртни непријатели“. На Светското првенство во 2014 година, Суарез во дресот на Уругвај го гризна Кјелини и заработи суспензија. Низ медиумите долго беше прикажуван овој голем инцидент, па дури и дека двајцата фудбалери не се поднесуваат.
Но, очигледно дека сите неопријатности се надминати и сега дефанзивецот на Јувентус и напаѓачот на Барселона максимално се почитуваат. Доказ за тоа е и меѓусебното менување на дресовите за спомен, по вечерашниот меч на „Камп Ноу“. На Кјелини сигурно ќе му остане во подобро сеќавање, но Суарез како врвен професионалец и спортсмен му честиташе на италијанскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА