Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Унгарија.
Норис ја освои третата пол-позиција во кариерата пред тимскиот колега Оскар Пјастри, односно актуелниот шампион Макс Ферстапен.
Во Топ 10 завршија и Карлос Сајнц, Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Ленс Строл, Даниеле Рикардо и Јуки Цунода.
Важен детал од квалификациите беше сударот на Јапонецот Јуки Цунода, кој две минути пред крајот предизвика оштетување на својот болид, и појавување на црвеното знаме.
Додека се санираше штетата, почна и дожд на Хунгароринг, во моментот кога водечките позиции им припаѓаа на Норис и Пјастри, пред Ферстапен и Карлос Сајнц.
Yuki Tsunoda was about five to ten feet away from hitting the catch fence. That was bad.#HungarianGP @AlwaysRaceDay pic.twitter.com/i4L4j621ms
— Mr Matthew CFB (@MrMatthew_CFB) July 20, 2024
Трката на Хунгароринг ќе се вози утре со почеток од 15 часот.
Ферстапен е водечки во генералниот пласман со 255 бода, Норис е втор со 171 бод, а на третото место е Шарл Леклер со 150 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА