Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија кој веќе во сопственост го има англискиот премиерлигаш Њукасл јунајтед ќе испрати своја понуда за купување на италијанскиот калчолигаш Рома.
Како што пренесуваат италијанските медиуми Јавниот инвестициски фонд на сегашниот сопственик на Рома ќе му понуди 900 милиони евра за купување на клубот, како и уште 300 милиони кои би биле исплатени како бонуси доколку се добие дозвола за изградба на нов стадион.
Саудиска Арабија како земја буквално влегува во сите спортови и во следниот период сака да стане една од главните спортски велесили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА