Симоне Инзаги, тренерот на Интер, одлучи на трансфер листата да го стави репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко. Искусниот напаѓач е непотребен за тимот од Милано, бидејќи клубот има премногу напаѓачи, пренесува „Кориере дело спорт“.
Италијанските медиуми тврдат дека Инзаги избрал меѓу Џеко и Аргентинецот Хоакин Кореа, а на крај решил да се откаже од репрезентативецот на БиХ. Интер во преодниот рок го донесе Ромелу Лукаку на позајмица од Челси, што беше можеби клучниот фактор што Џеко ќе мора да бара нова средина ова лето.
36-годишниот напаѓач минатата година пристигна во Интер од Рома и постигна 17 гола на 49 натпревари. Тој има договор со миланскиот клуб до јуни следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА