Интер утревечер му гостува на Јувентус во големото дерби на италијанскиот фудбал, меч што „нероаѕурите“ не смеат да си дозволат да го загубат ако сакаат да останат во трката за скудетото во Калчо-лигата.
Избраниците на Симоне Инзаги долго време беа лидери на табелата, но падот на формата во последните два месеци придонесе тие сега да заостануваат шест бода (со меч помалку) зад лидерот Милан.
„Пред нас се девет финалиња и ќе настојуваме да победиме на секој од овие преостанати натпревари. Прв меч е Јувентус, сите многу добро знаат колку овој натпревар е различен од сите останати, но ние ќе сториме се за да победиме. Впрочем, овој дуел е одличен за „будење“ и почеток на нова победничка серија. Се што ни недостига е резултат, мислам дека не игравме толку лошо во последно време колку што немавме среќа да ги реализираме шансите и да ги освоиме бодовите што ги заслуживме. Секој клуб минува низ кризен период во текот на сезоната, ова беше нашиот, но време е да го оставиме зад себе и да им се вратиме на победите“, истакна Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА