Инзаги добива отказ, Болоња избра нов тренер

Филипо Инзаги е на добар пат неславно да заврши уште една тренерска авантура откако поранешниот голгетер на Милан се посрамоти на клупата на Болоња. Управата на „болоњезите“ во неколку наврати му даваше поддршка и покрај барањата на навивачите за отказ, но се чини дека чашата од незадоволство е прелиена со денешниот пораз од Фросиноне со 0-4.

Тоа беше меч што едноставно мораше да се добие, а фактот дека во раната фаза останаа со играч помалку нема да го спаси Инзаги. Како што јавуваат италијанските медиуми, одлуката за отказ е веќе донесена, а избран е и новиот стратег. Станува збор за Синиша Михајловиќ, кој е подготвен за камбек во италијанскиот фудбал. Михајловиќ ја прифатил понудата за договор до крајот на сезонава, со богат бонус и клаузула за автоматско продолжување на соработката доколку обезбеди опстанок во елитното друштво.

Болоња моментно се наоѓа на 18. место на табелата со само две победи во досегашниот дел од сезоната.

Се вчитува...