Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, смета дека неговиот тим бил доминантен во победата од 1-0 над Јувентус, но не сака се уште да зборува за освојување на титулата.
„Нероаѕурите“ сега имаат четири бода повеќе од Јувентус и имаат натпревар помалку против Аталанта кој ќе е игра на 28. февруари.
„Ја заслуживме победата, која е многу важна. Задоволни сме од начинот на кој го подготвивме натпреварот и како го контролиравме. Навивачите ни дадоа ветер во грб од загревањето до последниот судиски свиреж. Сепак, ова е само еден чекор на долгиот пат, Јуве и Милан нема да се предадат“, вели Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА