Симоне Инзаги е избран за најдобар италијански тренер за 2024 година, награда што стручњакот на Интер ја доби на вечерашната гала-вечера организирана од Здружението на Италијански Фудбалери.
Инзаги го предводеше Интер до шампионска титула во Калчо-лигата, што според фудбалерите кои гласаа беше доволно за да стигне до признанието пред Џампјеро Гасперини, кој со Аталанта стигна до титулата во Лигата на Европа. Во говорот при добивањето на наградата, Симоне ја потенцираше желбата да остане уште долго на клупата на „нероаѕурите“, откако минатото лето беше поврзуван со неколку европски гиганти, за на крајот да потпише нов договор со Интер.
„Секако дека сум пресреќен поради оваа награда, уште повеќе бидејќи ми ја врачи Лучијано Спалети. Пред се, би сакал да ја поделам со сите мои фудбалери, без нив ова немаше да биде возможно, исто така да ја поделам и со луѓето од клубот, кои се грижат да имаме се што ни е потребно за да остваруваме врвни резултати. Среќен сум и горд што сум дел од Интер и се надевам дека уште долго ќе останам во овој клуб“, изјави Симоне Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА