Инзаги го носи Ачерби во Ал-Хилал

Искусниот дефанзивец на Интер, Франческо Ачерби би можел да замине од Интер, и заедно со тренерот Симоне Инзаги да се пресели во саудиски Ал-Хилал. Саудискиот клуб денеска го промовираше Инзаги на клупата, а јасно е дека сега е во потрага по засилувања за освојување на трофејот идната година.

37-годишниот Ачерби беше еден од најзаслужните за пласманот на Интер во финалето во Лигата на шампионите, откако со неговиот гол го израмни резултатот против Барселона во реваншот, па италијанскиот тим после продолженијата се пласираше во финалето во Минхен, кое Интер го загуби со убедливи 5-0.

Договорот на Ачерби со Интер е до 2026 година, но можно е „нероазурите“ да не бараат никаква отштета за него и да го пуштат како слободен агент да се пресели во Ал-Хилал.

Се вчитува...