Симоне Инзаги со право е горд на својот Интер откако „нероаѕурите“ славеа и на вториот дуел со Милан од полуфиналето на Лигата на Шампионите, стигнувајќи до првото финале по пауза од цели 13 години.
Скромниот стратег до пред повеќе еден месец беше многу блиску до отказ, управата реши да му даде шанса, а Инзаги максимално ја искористи.
„Горд сум што сум дел од овој клуб. Пред 19 месеци бев замолен да влезам во осминафиналето од Лигата на Шампионите, нешто што на клубот не му успеало уште од 2011. Мислев дека ланската серија во ЛШ беше многу добра, но оваа е неверојатна. Никој не ни даде ништо „бесплатно“, игравме со силни противници и изборивма пласман во големото финале“, истакна Инзаги.
Тој искажа почит и кон градскиот ривал Милан, потенцирајќи дека е голема работа што Интер влегува во серија на победи над „росонерите“.
„Во наредните денови можеби ќе ни биде појасно каков успех е ова. Ова е како сон, но ние секогаш верувавме во себе. Секоја чест на играчите, покажаа сила, решителност, концентрација…. беше прекрасно да се гледа од клупата. Игравме четири дерби дуели со Милан од јануари и ги добивме сите четири. Сите знаеме дека Милан е многу квалитетен тим, шампион на Италија од лани, но моите момци заслужија да се радуваат на овие натпревари“, прокоментира стратегот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА