Инзаги: Горд сум на момците, во ова финале примавме голови кои обично не ги примаме

Интер стигна до финалето во Лигата на шампионите, второ во последните три години, но повторно не успеа да дојде до трофејот. Ако во 2023 година беа можеби поблиску, имаа шанси против Манчестер Сити, овој пат ПСЖ беше супериорен, моќен и славеше со убедливи 5-0.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги истакна голема разочараност по поразот. Но, го призна чесно кажувајќи дека ПСЖ заслужено ја освоил Лигата на шампионите.

„Горд сум на овие момци за она што го направија на ова патување. ПСЖ заслужи да ја освои Лигата на шампионите, беа подобри од нас. Лошо влеговме во натпреварот. Честитки за противникот, но не одигравме добро финале. Сепак, чувствувам дека треба да им се заблагодарам на момците за оваа сезона, горд сум што сум нивен тренер. Жал ни е, но тоа не го брише нашето патување. Мораше да играме подобро, прво јас, но момците беа многу добри оваа сезона. Во следните неколку дена ќе се сретнеме со клубот и ќе разговараме, по изгубено финале има премногу горчина за да се размислува. Клубот беше блиску до нас вечерва и чувствува горчина како нас, но отсекогаш била многу присутна. Не игравме како што знаеме од техничка гледна точка, тие први стигнаа на вторите топки, а потоа откако го примивме првиот гол се обидовме да го зголемиме притисокот, и на крајот стигна убедливиот пораз. Примивме голови кои обично не ги примаме“, изјави Инзаги.

Се вчитува...