Инзаги: Имам родени победници во тимот, финалето ќе биде жесток меч

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Интер вечерва ќе се сретнат во Минхен во финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Во Баварија, ПСЖ се бори за првиот трофејевропски првак, додека Интер досега три пати го креваше пехарот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите.

Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги изјави дека неговиот тим заслужил да се најде во финалето на Лигата на шампионите, и дека натпреварот против Пари Сен Жермен ќе биде многу неизвесен.

„Зборуваме за финалето на Лигата на шампионите. Го заслуживме ова место. Имавме одлично патување од самиот почеток. Ни останува уште еден чекор до освојување на овој трофеј… Имаме светски и европски шампиони (во тимот). Знаеме како да го подготвиме финалето на Лигата на шампионите, како и финалето на Европското или Светското првенство. Знаеме деканатпреварот ќе биде многу неизвесен“, рече Инзаги.

Се вчитува...