Инзаги: Интер повеќе нема да продава, но ќе ангажира уште еден играч

Симоне Инзаги пред натпреварот со Лече даде најава за трансфер пазарот во неговиот клуб. Тој потврди дека веќе е одлучено да не се продаваат оние кои се во тимот.

Воедно, Симоне додаде дека Интер ќе донесе само уште еден играч кој би имал споредна улога во тимот и кој би бил замена за Андреа Ранокија кој замина во Монца.

„Се договоривме со клубот и сопствеништвото на клубот. Нема да зборувам многу на оваа тема. Клубот работи само на носење на замена за Ранокија, а мојот фокус е на средбата со Лече. Ни недостасува стопер кој треба да биде замена за Ранокија и клубот работи на тоа. Трансфер пазарот за нас, и за нови засилувања, но и за заминувања е готов“, потенцираше Инѕаги.

Интер досега ги ангажираше Хенрик Миктарјан, Андре Онана, Раул Беланова, Кристјан Аслани и Ромелу Лукаку, а го направи перманентен и договорот на Жоакин Кореа.

Се вчитува...