Тренерот на Интер, Симоне Инзаги на пресконференцијата за медиуми во пресрет дуелот против Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите доби интересно прашање – дали тој може да биде „Диего Симеоне“ на Интер?
Италијанскиот стартег не е оптимист по ова прашање со оглед на тоа што, како што вели самиот мислењето на луѓето во Италија постојано се менува.
„Јас да бидам Диего Симеоне на Интер? Тоа е многу тешко во Италија. За три недели луѓето го менуваат мислењето за тренерите и играчите. Морате макотрпно да работите и да имате среќа да имате група на играчи какви што имам јас сега. Овие момци се уште ја имаат насмевката на лицето. Во последните шест месеци играме најдобар фудбал досега, но допрва ни претстојат трите клучни месеци“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА